Претседавачот со Одборот за правни прашања на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Џери Надлер изјави дека тој одбор почнал со истрага за можна опструкција на правдата, корупција и злоупотреба на моќ и испратил барање за документи на адреси на 81 лице поврзано со американскиот претседател Доналд Трамп и негови соработници.
Надлер тоа го направи во рамки на проширување на истрагата за руско мешање во американските претседателски избори во 2016 година.
Тој вели дека документите пто се бараат и што мора да бидат испратени до 18 март, се начин „да се почне да се прави јавен записник“.
Истовремено, три одбори на Претставничкиот дом на Конгресот побараа од Белата куќа и Стејт департментот информации за приватните разговори на Трамп со претседателот на Русија, Владимир Путин.