Високи претставници на ЕУ и на Велика Британија продолжуваат денеска разговори за брегзит на помалку од еден месец од предвиденото напуштање на таа држава на Унијата.

Планирано е главниот преговарач на ЕУ за брегзит, Мишел Барние да има средба со британскиот министер за брегзит, Стивен Баркли и со државниот обвинител Џефри Кокс.

Заменикот лабуристички градоначалник на Лондон, изјави вчера дека Велика Британија треба да замрзне термин за напуштање на ЕУ, а потоа да одржи втор референдум како потврда за каков било договор со Брисел.

Раџеш Агравал изјави дека за 25 денови пред закажаното напуштање на ЕУ многу работи не се јасни околу условите за брегзит и дека е потребно „олеснување од тој притисок“.

Опозицијата ја обвинија вчера премиерката Тереза Меј дека се обидува да ги поткупи за да гласаат за нејзиниот договор за брегзит. Владата најави пакет од 1,6 милијарди фунти помош за „пропаднати“ подрачја во државата во следните неколку години.