Австралискиот новинар и истражувач Саша Узунов, кој има македонско потекло, објави видување на американски официјален претставник за Македонија во 1995 година, во времето на администрацијата на тогашниот претседател Бил Клинтон.
„Ако им го одземете името, што имаат Македонците? Го одземате тоа што ги обединува… со оглед на притисокот од Албанија, Србија и Бугарија, тие би им изгледале слаби на соседите доколку и попуштат на Грција“, вели висок официјален претставник на американската администрација за весникот Њујорк тајмс во 1995 година.
Американски официјални претставници пред 27 години сметале дека ако Македонците попуштат пред барањата на Атина, и ако го сменат името на Република Македонија, ќе останат без обединувачки фактор и би изгледале слабо пред своите соседи што вршат притисок врз нив.
Овој текст, објавен во Њујорк тајмс, чии факсимили на својот профил на Твитер ги објавува Узунов, се наоѓа во Претседателската библиотека на САД.