Во Кочани денеска беа спроведени превентивни активности за поголема безбедност во сообраќајот, во рамки на активностите на СВР Штип.

Полициските службеници на граѓаните им делеа едукативни материјали и укажуваа на неопходноста од почитување на сообраќајните правила и прописи од страна на сите учесници во сообраќајот.

Активностите имаат за цел подигнување на сообраќајната култура и намалување на ризиците од сообраќајни незгоди.