Отец Ивица ТОДОРОВ

Моето сознание и мојот увид не сведочат дека нашата состојба како Македонци е безизлезна! Решение има и тоа се наоѓа во промената или во лекувањето на современиот македонски менталитет/начин на мислење, формирање стратегија, градење водство/лидершип!

Еве ви пример, во многу мои дебати со шовинистички настроени Бугари тие си го добиваат “по носот”! Но, јас не користам идиотски и простачки говор на омраза, не паѓам на нивно ниво, туку спокојно, достоинствено и аргументирано им ја разоткривам објективната состојба на нештата, при што пројавувам и искрена загриженост за македоно-бугарското пријателство, кое ни е потребно и ним и нам.

Значи, Македонците треба да ја намалат емоцијата која необјективно се храни од ниска самодоверба, губитништво, измаменост. Ова е е пројава на лична и колективна инфантилност/недозреност!
Македонци мои, суров, неправеден и егоистичен е светот во кој живееме, и во таков свет се опстанува само со зрелост, мудрост, интелект, организација, стратегија, принципи, сила (од духовна до воена), љубов…

Ние Македонците, слава и благодарност на Бога, се уште имаме своја држава, свој дом. Да, во криза сме, но таа е последица од нашата слабост, глупост, корумпираност и необединетост! Сепак имаме држава, автокефална Црква….. останува да работиме мудро и за кратко време Македонија да ја претвориме во достоинствен и квалитетен дом за живеење за сите Македонци, но и за сите нејзини граѓани!
ОД НАС ЗАВИСИ!