Заблуда, и тоа голема, е дека Р. Македонија се движи кон граѓанско општество. Да, огромен процент од Македонците, а и од останатите претставници на народите кои живеат со нас посакуваат „граѓанско општество“, но политичката елита на Албаниците во Р. Македонија, без исклучок, посакува нешто сосем друго, прикривајќи го тоа што искрено го посакува како борба за правата на – албанскиот народ, и само на албанскиот народ во Р. Македонија!
Но што тие искрено посакуваат!
Го посакуваат истото она за што започнаа војна, тие посакуваат територии од Македонија кои во догледно време би се споиле со освоените територии од Косово и Метохија и така би се остварил долгопосакуваниот проект „Голема Албанија“!
Сите уверувања дека со затворање на Охридскиот рамковен договор ќе се затворат и наци – шовинистичките барања на албанските политички елити во Р. Македонија останаа лажни и наивни!
Сите добронамерни, дури и човечки отстапки и разбирања направени од страна на наивните (а и глупави) македонски политичари постануваа само посилен ветер во едрата на албанскиот наци – шовинизам!

Последен пример за горе напишаното е протестот на Алијанса за Албанците и Алтернатива по повод последните парламентарни избори! Мотивот за протест можеби е оправдан, но иконографијата на протестот по стоти пат посведочува дека политичката елита на Албаниците во Р. Македонија не ја признава државата Р. МАКЕДОНИЈА со тоа што НЕ ГО ИСТАКНУВААТ ДРЖАВНОТО ЗНАМЕ на истата. На протестот имаше албанско национално знаме, што не е проблем според Законот за знамиња, имаше знамиња на ЕУ и САД, но немаше ниту ЕДНО ЗНАМЕ на државата во чие Собрание тие сакаат да бидат пратеници!


И сега како останатите „граѓани“ на Р. Македонија треба да ја разберат оваа порака!
Како на истата оваа наци – шовинистичка порака ќе реагираат и дали ЌЕ РЕАГИРААТ разните државни институции, амбасади, невладини организации, борци за човекови права и заговорници на граѓанското општество!!??

И за крај, што ќе се случи со нашето многупофалувано мулти – етничко „граѓанско“ општество ако МАКЕДОНЦИТЕ се грижат само за МАКЕДОНЦИТЕ и ако ултимативно застапуваат став дека Р. Македонија е НАЦИОНАЛНА ДРЖАВА на Македонците!

п. с
За тоа што на протестот скоро никој не носеше маска и не се запазуваше физичката дистанца во време на корона пандемија, при што со тоа се покажа тотална општествена неодговорност – за тоа треба да реагираат одговорните институции за оваа проблематика!