Министерството за образование и наука (МОН) предложи новата учебна година да започне со физичко присуство бидејќи веќе се создадени услови за тоа, известуваат повеќе медиуми. Според Министерството, конечната одлука за тоа како ќе започне новата учебна година се очекува да биде донесена утре на седница на Владата.
Одлуката била прифатена и од членовите на Главниот кризниот штаб.
На одлуката да се започне учебната година со физичко присуство влијаеле и големиот број вакцинирани наставници и училишен персонал, што во моментов изнесува 62% од вкупниот број вработени во училиштата. Исто така, за учење со физичко присуство, Министерството за образование ги објави протоколите за заштита од ковид 19.
Меѓу другото, протоколите предвидуваат: задолжително носење маска и дезинфекција на рацете за учениците и другите вработени во училиштето, редовно проветрување на просториите каде што се одржува наставата, да се стават во функција сите училишни влезови и учениците кои доаѓаат со организиран превоз да им се мери температурата пред да влезете во автобус.
Инаку, последните денови Македонија бележи по десетина почианти од Ковид 19, а во саботата и петокот бројот на позитивни од тестираните изнесуваше околу 800-тии лица, со што с енадмина границата од 10 отсто од бројот на тестирани, бројка во која влегуваат и тие што се тестираат заради патување, па процентиот на позитивни реално е повисок.
Денеска беа пријавени нешто под 300 заразени, но вчера беше недела, кога вообичаено прикажанаиот број позитивни е понизок.