Вкупно 10 постапки се водат во грчкиот суд против Центарот за македонски јазик во Грција, објави Фокус.
Станува збор за жалби од трети страни кои бараат Центарот да биде укинато.
Центарот за македонски јазик беше регистриран како невладина организација (НВО) од страна на судските власти во ноември. Барањето за регистрација на организацијата беше одобрено од страна на судот на 28 јули 2022 година, додека одлуката беше објавена во Билтенот за судски одлуки и публикации на 7 ноември 2022 година.
Во судските документи здружението е наведено со кирилично писмо и се именува со неговиот оригинален назив.
Досега се реализирани три судења по поплаки од една политичка партија, втора од обвинителот на Лерин и третата од едно здружение. За никоја од постапките досега нема одлука и процедурите продолжуваат, изјавиле од здружението за Фокус.