Бразилската фудбалска репрезентација одлучи со кои ривали ќе игра во октомври кога се оставени термини за настап на националните тимови.
Според „АФП“, во октомврискиот прозорец за репрезентативни соочувања, Кариоките ќе играат со африканските селекции. На 10 октомври ќе се одигра натпревар со Сенегал, а на 13.против Нигерија.
Двата пријателски меча предвидено е да се играат во Сингапур.