Македонската машка фудбалска репрезентација до 18 години загуби со убедливи 0:3 на пријателскиот натпревар на гостински терен против Србија.
Победникот на вчерашниот натпревар во Стара Пазова беше одлучен веќе по првото полувреме во кое српската репрезентација ги постигна сите три голови.
Бубањ во 27. минута ја донесе Србија во предност, која пет минути подоцна ја удвои Милошевиќ, а Бубањ во 39 минута со својот втор гол на натпреварот ги постави конечните 3:0.
За избраниците на селекторот Тони Јакимовски ова беше продолжение на подготовките во рамки на кои на почетокот на овој месец одиграа два контролни натпревари против Црна Гора на гостински терен.
На првиот дуел во Бар, македонската репрезентација загуби со 0-3, а на вториот натпревар му се реваншираше на противникот со триумф од 2-1.