Во полицискиот билтен стана секојдневно да читаме пријави за напад од кучиња скитници, но не само од скитници.
Така е и во денешниот, во кој се регистрирани (само) два случаи на нападнати граѓани од кучиња скитници.
На 14 февруари 2019 година во 17.20 часот во Полициската станица Аеродром, М.Р.(26) од Скопје пријавила дека истиот ден, околу 11.45 часот на улицата „Венјамин Мачуковски“ била касната од куче скитник во пределот на нозете.
Истиот ден, во Полициската станица во Кичево, В.Н. (40) од кичевското село Другово пријавил дека на 13 февруари 2019 година околу 13 часот во селото бил нападнат и каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.
Кога нешто е зачестено и се повторува, говори дека има проблем за решавање. А проблемот не е од кучињата, туку од луѓето кои (не) се грижат за нив.