Од Милан ЃОРГЕВИЌ, проф. на Богословскиот факултет
На оптоварената раскрсница пред Богословскиот Факултет во Скопје, во една од дупките во асфалтот, утрово изникнал раскошен букет!
Интересно, неколку часови ниту една кола не помина преку него. Сите уредно го заобиколуваат и внимаваат да не го повредат. Интересно, луѓето што живеат во овој град сепак имаат чувство за убавото, а со тоа и кон складноста и кон редот. Но, како тоа лично чувство не се прелева на ниво на општеството како цело и на начинот на неговото функционурање, за мене е едно големо отворено прашање…
ПС. Интересен епилог. За многу брзо време доаѓаат мајстори со кофа асфалт и ја затвораат дупката (без воопшто да ја исчистат од земјата). Го фрлаат букетот на тротоарот и си заминуваат. Пет минути покасно, еден таксист го забележува фрлениот букетот, се поткачува на тротарот и го товари во багажник да ѝ го подари на саканата. Поромантично не можеше да заврши, нели?