Британскиот принц Филип (97) одлучи да престане да вози автомобил, соопштија од Бакингемската палата.
Принцот ја донел одлуката еден месец по сообраќајката во која беа повредени две жени.
Од Бакингемската палата е соопштено дека сопругот на кралицата Елизабета Втора, самоволно одлучил да престане со возење автомобил. Филип возеше џип Ленд ровер, кога удри во друго возило на 17 јануари и повреди две жени.