Во Германија се води истрага за мистериозен инцидент. На брегот во регионот Мекленбург во северниот дел на земјата били исфрлени неколку тони мртви риби. Најчудната работа е во тоа што речиси сите морски суштества биле без глава. Се чини дека некој намерни обезглавил десетици илјади од овие суштества. Освен главата, на рибите им бил отстранет пловниот меур, речиси хируршки прецизно.

Германската служба за животна средина ја отфрли можноста дека рибите биле убиена за лов. Но, зошто на криминалците им требале само главите и пловните меурчиња, оставајќи го месото? Во овој случај не станува збор и за собирање на кавијар, бидејќи рибата дефинитивно била без кавијар. Некои одговотот го побараа кај вонземјаните и сметаат дека тие стојат зад инцидентот. Се верува дека вонземјаните имаат способност да киднапираат живи суштества од Земјата и да вршат експерименти врз нив. Според уфолозите, со таква “чест” периодично се удостојуваат крави, овци, кози, ирваси, кучиња, дури и китови. Се додека надлежните одргани не го откријат сторителот, вонземјаните ќе бидат виновни.