Британскиот престолонаследник, принцот Чарлс, ги учел своите синови да собираат отпад во текот во училишните одмори во Норфолк, откри неговиот најстар син, војводата од Кембриџ, во разговор воден по повод 70-от роденден на принцот.

“Одевме таму со стапови, собирајќи ѓубре во пластични кеси”, објасни Вилијам. „И двајцата си помисливме: Па, ова е сосема нормално, тоа е сигурно сите го работат”, изјави тој за Би-Би-Си, говорејќи за таа анегдота од детството во специјална 60-минутна програма по повод 70-тиот роденден на принцот Чарлс.

Би-Би-Си има ексклузивен пристап до принцот Чарлс во последните 12 месеци, снимајќи го филмот „Принцот, синот и наследникот: Чарлс во 70-тата”.

Во документарецот, Вилијам, заедно со неговиот помлад брат, војводата од Сасекс, го коментира говорот на принцот од 1970 година, во кој тој предупредува за опасностите од пластичниот отпад и објаснува дека неговиот татко ја поттикнал нивната еколошка свест.

Хари додаде дека нивниот татко направил „неверојатна работа” и ги водел во растењето на начин што „не зборувал што треба да прават”.

„Понекогаш ќе застанев по училиште да собирам ѓубре”, вели Хари, додавајќи дека не барал ѓубре, туку ако видел за време на прошетка, фрлени парчиња, едноставно би ги кренал.
„Буквално го правев тоа, затоа што бев програмиран тоа да го правам, бидејќи тоа го прави и татко ми, всушност треба сите да го правиме тоа”, вели тој.

Вилијам додава дека нивниот татко „навистина живее на начинот на кој се залага”, додавајќи дека тој верува оти неговиот татко „ги земал при срце критиките” кои ги добивал за неговите идеи кога бил помлад.

Кога на 14 ноември принц од Велс ќе напони 70 години во јавноста веќе полни 50 години ги застапува еколошките и социјалните прашања, долго пред тие да бидат центар на вниманието на јавноста.

Филмот „Принц, син и наследник: Чарлс во 70.” ќе биде прикажан во четврток, на 8-ми ноември, на телевизискиот канал Би-Би-Си 1.