Патнички авион на Ер Индија слета денеска на лондонскиот аеродром Станстед поради дојава за бомба, соопшти авиокомпанијата на Твитер.

Во пораката се наведува дека авионот, што полетал кон Њујорк во САД, слетал поради превентивност.

Авиокомпанијата не објави повеќе детали, но додава дека ќе следува нов извештај за инцидентот.