До 2030 година, повеќе од 120 милиони луѓе може да осиромашат поради суши, поплави и други природни феномени поврзани со климатските промени, се наведува во специјалниот извештај на Советот за човекови права при Обединетите нации.

Научниците посочуваат дека климатските промени можат да ги ослабнат подобрувањата постигнати во изминатите 50 години во областа на глобалното здравје и намалувањето на сиромаштијата. Семејствата од средна класа во развиените земји може да станат сиромашни.

Според Светска банка, ако не се преземат итни мерки, до 2030 година светот ќе има 120 милиони луѓе кои живеат во сиромаштија. Само 800 милиони луѓе живеат во топла клима во јужна Азија, а животните услови ќе се влошат до 2030 година, се вели во извештајот.

Авторите на извештајот истакнуваат дека климатските промени доведуваат до промена во продуктивноста на стопанските култури, а глобалното затоплување ги менува морските екосистеми кои служат како извор на храна за милиони луѓе. Покрај тоа, климатските промени предизвикуваат ширење на болести во региони каде што претходно биле непознати. Причината за тоа е промената на миграцијата на инсекти.

Експертите на ОН ги повикуваат државите и компаниите да се ангажираат поактивно со ограничувањето на стакленичките гасови во атмосферата, кои ги забрзуваат климатските промени на планетата.