Американскиот државен секретар, Антони Блинкен, синоќа разговараше со својот индиски колега, Субрахманам Џаишанкар, меѓу другото и за војната на Русија против Украина, соопшти Стејт департментот.
Блинкен разговараше со шефот на индиската дипломатија „за регионални и глобални прашања, вклучително и за антитерористичката соработка и тековната руска агресија против Украина“, се наведува во соопштението на американското министерство.
Британските меидуми наведуваат дека Индија е главен купувач на руска нафта, со што помага во финансирањето на нејзината војна против Украина.
Руската Амбасада во Њу Делхи во четвртокот објави дека министерот Џаишанкар ќе ја посети Русија на 8 ноември.