Притисокот на лидерот на СДСМ Венко Филипче врз „Република“ стигна и до седиштето на Европската Унија. Весникот „brusselsmorning“ објави текст со наслов „Проевропска партија само декларативно: Болшевичкиот пристап на СДСМ кон контролата на медиумите“ во кој се критикува притисокот и односот на опозициската партија во Македонија кон новинарите чии наслови ги нарекува „токсични“.

Во текстот се нагласува дека лидерот на партијата, Венко Филипче, и портпаролката Богданка Кузеска, се појавиле како највидливи спроведувачи на оваа кампања , позиционирајќи се како неформални „проверувачи на факти“ на медиумите.

Моделот е откривачки. СДСМ не се спротивставува на лагите, туку на контролата. Насловите се прегледуваат, мотивите се доведуваат во прашање, а новинарите се обвинуваат за токсичност кога известуваат за непријатни факти, пишува „brusselsmorning“.

Извор: brusselsmorning.com