Приватната виетнамска авиокомпанија „Виетџет ер“, склучи договор со американската компанија Боинг за купување 100 авиони Б773 МАХ за сума од 12,7 милијарди долари.
Зделката беше потпишана во присуство на американскиот претседател Доналд Трамп и на виетнамскиот претседател Нгуен Фу Чонг кои денеска разговараа во Ханој.
Испораката на авионите ќе се изврши до 2025 година.
Освен тоа, виетнамскиот авиопревозник „Бамбу ервејз“ ќе добие од Боинг 10 авиони за 2,9 милијарди долари.
„Виетџет ер“ е формирана во 2011 година и е најбрзорастечки авиопревозник во Виетнам. За седум години превезле повеќе од 60 милиони патници. Тие имаат сопствена флота од 60 авиони Ербас А32 и А321 НЕО.