Ненад ШУНДОВСКИ, сопственик и директор на Јохана инженеринг

Минимална плата 600 евра? Супер! Јас сум ЗА, моите заслужуваат и 1000, ама ајде малку реална математика, а не политички слогани!
Земаме пример:
– мала градежна фирма со 5 вработени (4 мајстори и 1 калфа);
– бруто плата со придонеси по човек, над 53.000 ден месечно;
– 12 плати + 13-та плата
Ако пресметаш, само за плата годишно се потребни приходи од околу 3,45 милиони денари.
Ако фирмата сака:
-да работи легално;
– да плати ДДВ 18%;
– данок на добивка 10%;
– и да има минимални 20% добивка (не луксуз, туку опстанок) тогаш:
– МОРА да фактурира над 5,2 милиони денари годишно!

Што значи тоа во реална работа, со моментални пазарни цени во Македонија за 9 месеци сезона?
Годишно треба да се изработат приближно:
– 10.500 м² тавани гипс картон;
– или 5.500 м² фасада;
– или 17.700 м² малтер
– или дури 73.000+ м² молерај

Или уште попросто, да земеме просечни квадратури на зграда од 4 ката плус приземје, со по 4 стана на кат и просечeн стан од 60 м2, тогаш фирмата треба да изработи:
– 8 згради годишно со гипс картон;
– или 6 згради со фасади;
– или 12 згради со малтер
– или 40 згради со молерај!

Прашањето не е:
Дали работниците заслужуваат 600 евра?
– Туку:
– Дали продуктивноста, цените и пазарот во Македонија го поддржуваат и можат да го издржат ова?

Без раст на продуктивност, инвестиции и реални цени на трудот, присилно покачување на минимална плата = огромен притисок врз малите фирми, а не системско решение.

ЦЕНИТЕ ЌЕ РАСТАТ или ќе се случи колапс на малите фирми (кои треба да се моторот на една модерна пазарна економија) и следствено на тоа – премин на црн пазар

Економија не се води со желби и агенди, туку со бројки!

(ФБ статус на Шундовски)