Пропаднаа обвинувањата на Данела Арсовска кон нас, тврдат приватните превозници, пренесува АЛФА. Тие велат дека инспекторите на Управата за јавни приходи два дена по ред ги чешлале документите на јавното сообраќајно претпријатие како и на компанииите „Слобода превоз“ и „Мак Експрес“ и единствено што откриле е дека ЈСП навистина ним им должи над милион евра.
– „Во записникот е константиран тој долг од увидот во целата сметководствена документација и сметам дека полека, полека сите лаги кажани во овој изминат период и сета оваа невоља која што ни се случи поради брзоплетоста, неправилното и несоодветното постапување, како и незнаење за менаџирање на процесите што доведоа до еден ваков колапс на јавниот превоз брзо ќе се констатираат и затоа треба некој да си понесе одговорност.“ – Истакна Ленин Јовановски од „Слобода Превоз“.
Во меѓувреме кризата со јавнит превоз во Скопје се продлабочува. На градот му фалат скоро 50 автобуси и над 100 возачи. Додека се уште чека на ветената средба со Премиерот Ковачевски. По првиот оглас за линиите 20 и 22, градот Скопје објави и втор за избор на приватни превозници кои ќе бидат дел од јавниот превоз, овој пат за линиите 9, 11 и 12.
„Понудите ќе се оценуваат според возен парк, човечки ресурси, техничка логистика, искуство во вршење на општински линиски превоз на патници“ – Пишува во огласот на јавното сообраќајно претпријатие.
Од Макекспрес и Слобода превоз согласни. Велат, на огласите никој не сака да се пријави.
– „Изминатите денови, во сите контакти кои што сме ги имале со нашите досегашни превозници, никој од нив не пројавил желба да се јави на тендерот. Сепак, се уште е рано, мислам дека луѓето се уште ги разгледуваат можностите, но, сите најавио се дека никој нема да се јави на овој тендер.“ – Вели Милорад Димитриевски од „Мак Експрес“
Според овие два огласи, на ЈСП му се потребни севупно 48 автобуси и 103 возачи. Градоначалничката Арсовска, откако се скара со приватните превозници затоа што одби да го исплаќа милионскиот долг, своевремено тврдеше дека во Скопје воопшто нема недостаток на автобуси и дека ЈСП соодветно ги надополнува сите лини. Засега се чека на поканата за средба со премиерот, а ако тоа не се случи без соодветно оправдување, превозниците велат дека сите опции се на маса, па дури и повторно блокирање на градот.