Поранешниот молдавски претседател Игор Додон утрово е приведен од молдавските власти, изјави висок функционер на неговата Социјалистичка партија.

Додон, проруски политичар беше претседател од 2016 до 2020 година, бил приведен 72 часа, јавија локалните медиуми. Тој е осомничен за предавство и корупција, соопшти молдавското обвинителство.

Претресени се десетина локации поврзани со поранешниот претседател, вклучувајќи го и неговиот дом во Кишињев. Истрагата за можни прекршоци извршени од Додон се заснова на сомнежи за предавство, пасивна корупција, финансирање на политичка партија од криминална организација и незаконско богатење, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.