На 03.10.2026 во 01:00 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода М.А.(28) од село во неготинско, постапувајќи по претходна пријава дека во домот агресивно се однесувал и му се заканувал на неговиот 31-годишен брат.

По преземени мерки било констатирано дека М.А. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,78 промили алкохол во крвта.

Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.