ОВР Кичево, вчера во 21.40 часот, при преглед во патнички автомобил „Опел Астра“, извршен на улицата „Братство Единство“ во Кичево, пронајде и одзеде најлонско кесе со наркотичка дрога хероин. Притоа, приведен е возачот на автомобилот Б.С. (42), од Кичево, против кого ќе биде поднесена соодветна пријава информира портпаролот Стефан Димоски.

Истиот ден, околу 19 часот, полициски службеници од ОВР Кичево, во близина на верски објект на булеварот „Ослободување“, пронајдоа засадено растение канабис сатива – високо квалитетна марихуана. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, објасни Димоски.

Инаку во текот на изминатото деноноќие, за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус Ковид-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, каде спаѓа и Кичево пет лица не ја почитувале забраната за движење. Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесена кривична пријава по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Во истиот период, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди.

На подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници извршиле 31 контрола врз лицата во самоизолација од кои шест во Кичево, додаде Димоски