Неофицијално, приведен е поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељановски. Приведувањето е извршено по повод настаните од „27 април“ и процесот што обвинителката Вилма Рускоска го води во врска со ова.
Инаку Вељановски е пратеник во Собранието и има пратенички имунитет.
Засега на ниво на шпекулација е дека е приведен и поранепниот министер за образование Спиро Ристовски.
Вчера, еден од обвинитите во овој процес го имаа својот завршен збор. Меѓу нив и Горан Ангелов, Игор Југ, Игор Дурловски итн.