Полицијата во Србија пред малку го приведе Урош Б.(21), кој е осомничен дека во околината на Млаеновац убил 8 и повредил уште 18 лица.
Според неофицијални информации на српските медиуми, напаѓачот пукал и во село Шепсина додека полицијата го бркала, а тој почнал да пука во селото Дубона.
Според информации, конфликтот со убиецот започнал во училишниот двор во градот Дубона.
У.Б. се скарал со неколку пријатели, по што отишол дома и се вратил со автоматска пушка и отворил оган.
Приведен во близина на Крагуевац.
Масовниот убиец кој синоќа уби осум и рани 13 лица е уапсен во околината на Крагуевац, дознава Радио Телевизија Србија.
По него трагаа повеќе од 600 припадници на српското МВР.
Синоќа пред полноќ во селото Дубона кај Младеновац, 21-годишниот У.Б. уби осум, и повреди 13 луѓе.
Нападот почнал во селото Дубона, кога младиот човек почнал да пука од автомобил во движење со автоматска пушка, а потоа пукал и во селата Мало Орашје и Шепшин.
Ранетите се пренесени во Ургентниот центар на Клиничкиот центар во Белград, Клиничкиот болнички центар „Драгиша Мишовиќ“ и Општата болница „Свети Лука“ во Смедерево.
Двајца од оперираните во КБЦ „Драгиша Мишовиќ“ се во животна опасност, осуммина од Ургентниот центар во Белград се стабилни, додека четворица починаа во Смедерево, две лица се пренесени во Белград, а три се оперирани.
Вооружениот напад во Дубона е второ масовно злосторство во изминатите три дена во Србија.
Во средата, на 3 мај, во утринските часови, тринаесетгодишен ученик од белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ со пиштол уби осум ученици и еден чувар, а рани седуммина.