Приведен е Васко Стефанов, поранешен директор на „Електрани на Република Македонија“ (ЕСМ).

Стефанов, кој не беше достапен за органите на прогонот, се наоѓал во соседна земја, но се вратил во Македонија откако дознал дека е баран за кривична постапка.

Засега нема официјални информации за бројот на приведени лица, бидејќи МВР и ОЈО ГОКК се уште објавиле детали за акцијата.

Од позначајните имиња што се споменуваат, Васко Ковачевски, поранешен директор на ЕСМ, останува недостапен за истрагата.

Според информации на ТВ21, Ковачевски се наоѓа во соседна Србија, а премиерот Христијан Мицкоски очекува Ковачевски наскоро да биде обезбеден и вратен во земјата.

Според други информации, Ковачевски е во Австрија.