На 27.08.2026 во 21:35 часот во Македонска Каменица, полициски службеници од ПО Македонска Каменица лишија од слобода 23-годишна жена од Македонска Каменица, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом, фрлила нож кон нејзиниот свекор.

На настанот, според пријавеното во ПС Македонска Каменица, претходела расправија помеѓу жената и нејзиниот сопруг, по што 23-годишната жена прво физички ја нападнала својата свекрва, а потоа и фрлила нож кон свекорот и го удрила во ногата, по што тој ја удрил со тврд предмет.

По целосно расчистување на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.