Германската сојузна полиција изјави дека мачка сама патувала со воз до Бремен, без билет и без своите сопственици. Според нив, мачката влегла во регионален воз во Берне.

По пристигнувањето во Бремен, службениците ѝ дале вода и ја одвеле во полициска станица. Од таму, „пријателчето“ било предадено на локална организација за згрижување и помош на мачки. Ден подоцна, било вратено кај неговите сопственици, кои изјавиле дека ова не е првпат црно-белата мачка да користи регионални возови.

Ова не е прв случај животно да патува само во воз. Во 2023 година, еден лабрадор бил „сам патник“ во воз од Брауншвајг до Залцгитер, откако вратите на возот се затвориле, а сопственикот останал на перонот. Сличен случај имало и во Велика Британија, во 2024 година.  Две верверици предизвикале хаос во воз во  Лондон поради што сообраќајот бил привремено прекинат. Три години предходно, во Хонг Конг дива свиња патувала со метро, по што се прекачила во друг воз.

Фото: Фејсбук