Денеска (31.05.2026) во 15:00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, постапувајќи по судска наредба, го лишија од слобода А.Џ.(35) од Скопје.
-Лицето се барало по телеграма од Основниот суд Скопје 1, за доиздржување казна затвор во траење од осум години и осум месеци, во врска со кривично дело „криумчарење на мигранти“ по член 418-б од Кривичниот законик, соопшти МВР.
По приведувањето, А.Џ. е предаден во Полициското одделение Шуто Оризари за понатамошно постапување.




