По апсењата на дел од учесниците во вчерашниот протест на обединетата опозиција, лидерот на албанската опозицска демократска партија, Љуљзим Баша, и порача на власта дека кривичните постапки нема да ја заплашат Демократската партија и спречат во остварување на својата цел.

-Ниту една кривична постапка не ја спречува Демократската партија и граѓаните да ја исполниме нашата мисија за Албанија како дел од Европа. Употребата на милитанти и војници на криминалот во полицијата за да се бори против граѓаните и политичкиот опонент е најјасната карактеристика на овој криминален режим. Еди Рама дојде на власт со помош на банди и избра да биде со банди против народот – напиша Баша на својот профил на Фејсбук.

Тој додава дека „сите банди, онаа во владата и оние на улица, ќе одговараат пред лицето на правдата“.

-Јас и Демократската партија сме решени да го браниме со сите средства правото на протест, право што го освоивме по 46 години од најкрвавата диктатура во Европа! Одбројувањето наназад за Еди Рама и владејачката банда започна! – напиша Баша.

Поради напад врз припадниците на полицијата со тврди предмети и употреба да димни бомби на верашниот протест, пртворени се 14 лица, по седум се трага, додека 11 ќе се бранат од слобода. Меѓу притворените е Газменд Барди, генерален секретар на Демократската партија, кој, според полицијата е организатор на протестот.