На булеварот „Босна и Херцеговина“ вo недела во периодот од 7 до 15 часот ќе има изменет сообраќаен режим поради изведување градежни работи за дислокација на гасовод, соопшти Град Скопје.

Булеварот ќе биде затворен за сообраќај на потегот пред маркетот КАМ и пред Техномаркет, непосредно пред ЕВН КЕЦ Васил Главинов, а возилата ќе се пренасочуваат по споредните улици.

Градот Скопје апелира до учесниците во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација, а брзината на движење да ја приспособат на условите на патот.