По повод 5 Октомври – Светскиот ден на наставниците, утре во Скопје ќе се одржи свечено доделување на признанија за просветни работници од предучилишното, основното и средното образование.

На настанот, кој ќе се одржи во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во општина Кисела Вода со почеток во 10:30 часот, ќе присуствува министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска.

Признанијата се доделуваат за учебната 2025/2026 година, а настанот е во организација на Сојузот на просветни работници.

Целта на одбележувањето е да се истакне значењето на наставничката професија и придонесот на просветните работници во воспитно-образовниот процес и развојот на младите генерации.

Светскиот ден на наставниците, 5 Октомври, традиционално се одбележува во знак на признание за улогата и значењето на наставниците во општеството.