Саботата, околу 20 часот, по локално време крадец се обидел да и го земе телефонот на бразилската УФЦ ѕвезда Полијана Вијана.

Крадецот не само што го извлекол подебелиот крај, туку добил и лекција во иднина да внимава кого се обидува да ограбува.

Вијана чекала Убер пред својот апартман во Рио де Жанеиро,кога човекот и се приближил.

Кога го видов, веќе седеше до мене. Тој ме праша колку е часот, и му одговорив. Видов дека нема намера да замине. Го прибрав мојот телефон. Потоа ми рече: „Дај го телефонот и не прави сцени затоа што сум вооружен“. Ја стави раката на нешто, мислам дека беше пиштол, раскажува Вијана.

-Тој беше премногу блиску до мене, и мислев дека нема време да стигне до пиштолот. Станав, го удрив со два удари, и тој падна.Го држев и му кажав дека ќе ја чекаме полицијата “, објаснува таа.

 

View this post on Instagram

 

On the left is @polyanaviana, one of our @UFC fighters and on the right is the guy who tried to rob her #badfuckingidea

A post shared by Dana White (@danawhite) on

– Добро сум, мислам дека тој беше преплашен и падна брзо. Бараше да го пуштам, се правдаше дека сакал само да праша колку е часот. Сфати дека сум многу лута, па на крајот преплашен и самиот бараше да повикам полиција, изјави Вијана.

Таа има 10 победи и 2 загуби во ММА и една победа и една загуба на УФЦ.

 

View this post on Instagram

 

??

A post shared by Polyana Viana (Dama de Ferro) (@polyanaviana) on