Риболовци од градот Русе, Бугарија, фатија најголем сом, што некогаш бил уловен во реката Дунав. Огромната риба тежи 138 килограми и паѓа во нивната мрежа на последниот ден од старата година.

На 31 декември, пред новогодишната ноќ, Димитар и Стефан одлучуваат да ја испратат старата година со нивното омилено хоби.

„Ја пуштивме мрежата во регионот на Дунавски мост и уште во првите неколку минути, таа пропадна. Слушнавме некоја врева во Дунав, се свртивме, видовме нешто како вртлози”, вели Димитар Милев.

Изненадени, тие гледаат како мрежата се крева на површината, а внатре има огромна риба.

„Брзо реагиравме, не се исплашивме, ја зедовме мрежата. Тешко беше е да се извлече, да се однесе на брегот “, додаде Димитар.

Уловот на Димитар и Стефан е признаен како рекордер од Агенцијата за рибарство.