Филмовите „Зелената книга “, „Боемска рапсодија “и „Roma” се големите добитници на наградите „Златен глобус” на церемонија во Беверли Хилс.
Наградите „Златен глобус” се доделуваат во вкупно 14 филмски категории, а големиот победник е Златна книга. Доби три награди – за најдобра комедија или музички филм, за најдобро сценарио на Ник Валенглага, Брајан Кари и Питер Фарел, кој исто така е продуцент, и најдобар актер во споредна улога за Махершала Али.

Боемска рапсодија, посветена на групата Квин, доби две награди – „Златен глобус” за најдобра драма и најдобар актер – Рами Малек.

„Рома” на Алфонсо Куарон исто така има две награди – за најдобар странски филм и за најдобар режисер.Филмот веќе го освои „Златниот лав“ на Фестивалот во Венеција минатата година.

Најдобра актерка – Глен Клоуз за остварување во филмот „Жената”.
Најдобра актерка во комедија или мјузикл за Оливија Колман за The Favourite.
Најдобар актер во комедија или мјузикл за Кристијан Бејл за „Vice”.
Најдобра споредна женска улога за Реџина Кинг.
Најдобра анимација за „Spider-Man: Into the Spider-Verse”.
Најдобра песна е од филмот „Star is born”. Музиката и текстовите на Лејди Гага, Марк Ронсон, Ентони Росомандо и Ендрју Вахите. Песната ја изведуваат Лејди Гага и Бредли Купер.

Во телевизиските награди, најдобра драма е The Americans, a комедија – The Kominsky Method.

Ричард Меден („Телохранител”) и Сандра О (Killing Eve) освоија награди за најдобри актери во ТВ-серија, додека Мајкл Даглас (The Kominsky Method) и Рејчел Броснахан (Marvelous Mrs. Maisel)во комедија или музички филм.