Коментари на неколку руски функционери за територијата на Алјаска, која Русија ја продала во 19 век на САД, полуостровот повторно го ставија во вниманието на јавноста.
Претставници на руските власти неодамна дадоа изјави за „враќање на Алјаска, која САД ја купија од Русија во 1867 година, но претседателот Владимир Путин е незаинтересиран за тоа.
Во 2014 година, за време на годишната сесија за прашања и одговори со руските граѓани, Путин беше прашан за враќање на територијата, што Русите „би биле многу среќни да се случи“.
– Зошто ни е потребна Алјаска?- одговори Путин тогаш, пишува Вашингтон пост.
Осум години оттогаш, двајца руски функционери повторно ја покренуваат идејата за враќање на Алјаска во Русија. Вјачеслав Володин, претседател на Државната дума, рече дека Русија би можела да ја врати територијата како одговор на строгите санкции наметнати од САД и нивните сојузници во НАТО и ЕУ како одговор на украинската инвазија.
– Кога американските пратеници се обидуваат да го запленат нашиот имот во странство, треба да бидат свесни дека и ние имаме што да бараме, рече Володин за време на состанокот со руските претставници во средата, според Асошиејтед прес.
Володин претходно сугерираше дека Москва може да ги заплени руските средства од „непријателските“ земји како одмазда за предлогот на САД да го продаде запленетиот имот на руските олигарси за обнова на Украина, пишува Москва тајмс.
Истакнувајќи дека потпретседателот предложил одржување референдум меѓу жителите на Алјаска за приклучување кон Русија, Володин во средатарекол: „Ние не се мешаме во нивните внатрешни работи“, објави Тајмс.
Билборди со натпис „Алјаска е наша!“ беа забележани во четвртокот, објави НГС24, новинска агенција во сибирскиот град Краснојарск. Не се верува дека ги подигнале руските власти, туку „некој патриот“.
Единствен јавен коментар за руските закани за неговата држава, во состав на САД, даде гувернерот на Алјаска Мајк Данливи, кој нашиша кус коменатр на Твитер.
– До руските политичари кои веруваат дека можат да ја вратат Алјаска: Среќно, напиша Данливи.