Украински медиуми објавуваат скандал со назначување на 25-годишна девојка без работно искуство на местото заменик министер во Украина.

Медиумите објавуваат дека Ана Сергеева, која никогаш досега не работела во јавниот сектор, стана нов заменик-шеф на Министерството за социјална политика. Таа ќе биде одговорна за евроинтеграциите во рамките на министерството.

Нејзината плата ќе биде 2,5 пати поголема од платата на претседателот Володимир Зеленски, јавуваат локалните медиуми.

Назначувањето предизвика гнев кај новинарите, пратениците и јавноста, кои сметаат дека тоа е последица на корупцијата во режимот во Киев.