Велигден, вториот ден на Велигден – понеделник (25 април) според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, информира Министерството за труд и социјална политика.
Задутре, петок, неработен ден е за православните граѓани во Македонија кои го слават Велипеток.
Од Министерството на граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија им го честитаат големиот христијански празник Велигден.