Судскиот совет денеска разреши тројца судии. Така одлучила „судската власт“ по расправата по извештаите кои ги прават комисии на известители. Според соопштението од Судскиот совет, сите се разрешени поради наводно, цитираме, „нестручно и несовесно вршење на судиската функција“.

Според известувањето на Судскиот совет:

– по 1 (едно) барање разрешени се 2 (двајца) судии поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и времено се одалечени од вршење на судиската функција и
– по 1 (едно) барање разрешен е 1 (еден) судија поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и времено е одалечен од вршење на судиската функција.

Медиумте веќе објавија дека станува збор врховниот судија Стојанче Рибарев, судијката од штипска апелација Сузана Здравева и судијата Зоранчо Мицевски.

Тројцата се времено разрешени од вршење на судиската функција и имаат прао на жалба. Во досегашните чистки, сите жалби на разрешени судии во вакви случаи, беа одбивани.