Вчера, понеделник, Шведска објави дека има 185 смртни случаи во кои како причина е наведен корона вирусот. Сериозно лоша бројка за земја со 10 милиони жители. Но, веднаш стигна и објаснувањето: во таа бројка биле впишани и мртвите од викендот, кога шведските служби биле помалку ажурни во пријавувањето на смртните случаи.

Целта на ова објаснување беше да се продолжи со оправдување на шведскиот отворен модел за справување со епидемијата. Иако Шведска има 192 мртви на еден милион жители, што е повеќе од, на пример САД, кои имаат 140 мртви на еден милион, а се смета дека на САД и се случува катастрофа.

Но, ако тоа беше оправдувањето за вчерашните 180 мртви, тогаш кое би било за денешниот извештај според кој, во последните 24 часа, (понеделник-вторник) Шведска има 175 мртви. Објаснување нема, освен дека Шведска направи грешка и жртвувсше дел од популацијата, наспроти околните земји, како Норвешка и Финска кои применија еден вид комбиниран модел што би рекол Заев, меѓу „данс“ и „чекич“.

Така, Норвешка има 34 мртви на еден милион, а Финска 27, колку и Македонија.

Инаку, Шведска има над 13 000 активни случаи од над 16 илјади вкупно евидентирани од кои 515 се во кртична состојба.