Секторот Канализација при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје изработи нова канализациска мрежа за потребите на јавното претпријатие за хуман третман на животни скитници „Лајка“.

-За потребите на новото јавно претпријатие под закрила на Град Скопје, ЈП „Лајка“, во текот на изминатите две недели интензивно се работеше на одводнување и приклучување на отпадните води на објектот, информираат од „Водовод и канализација“.

Оттаму посочуваат дека за оваа цел биле направени 16 приклучоци на санитарни јазли за тоалети и одводи за боксови за кучиња.

-Четиринаесет од нив се со големина на цефка ф110мм, а две се со големина ф160мм. Во текот на работните активности беа изведени три шахти, беа сменети и вградени осум капаци за шахти (тежок тип) и еден бетонски капак. Истовремено беше изведена и мрежа со големина на цефка ф200мм и ф160мм, во должина од околу 100 метри, се наведува во соопштението.

Како што посочуваат, со поставување на водоводната мрежа и решавање на прашањето кое се однесуваше на одведување на отпадните води се обезбедени услови за основните потреби на ова претпријатие и неговото отпочнување со работа и нормално функционирање.

Како што е познато ЈП Лајка и решавањето на проблемот со уличните кучиња во Скопје е еден од проектите на градоначалникот Петре Шилегов, покрај откажаниот за тунел под Кале, воведување веловоз, трамвај на гумени тркала итн.

Сега Скопје е еден од ректите градови кој има специјално јавно претпријатие за животни скитници и преполни улици со кучиња и граѓани кои пријавуваат каснување во МВР, но и тужби против Град Скопје.