Успешно е реализиран проектот за реконструкција (рехабилитација) на коловозот и изработка на тротоар на патот кон манастирот во месноста Пеленица во близина на Драчево, објави денеска на „Фејсбук“ премиерот Христијан Мицкоски во делот „Проекти за трајна промена – општина Кисела Вода“.

Со завршувањето на зафатот, како што се наведува, е обновена коловозната конструкција и изграден е нов тротоар, со што се обезбедува побезбедно и пофункционално движење за возилата и пешаците.

– Инвестицијата од 29.320.330 денари придонесе за модерна и одржлива патна инфраструктура, подобрена пристапност до манастирскиот комплекс и повисоко ниво на безбедност за посетителите и локалното население – објави премиерот.

Фото: МИА архива и Фејсбук на премиерот Мицкоски