Синоќа беше одбележан Интернационалниот ден за социјална правда, со трибина на тема “Социјална правда-состојба, предизвици и перспективи “.Трибината беше организирана од Централната комисија за образование и наука на ВМРО ДПМНЕ.
Свои излагања презентираа членовите на ЦКОН: проф.Ксенија Хаџи Тосева Аврамчева координатор на РГ Средно образование од ЦКОН, проф. Драган Попоски и Горан Спасовски.
Трибината се одржа со интересни теми за социјална правда конкретно за човековите права и социјалната правда говореше проф. Драган Попоски, за можностите и предизвиците на средно стручно образование – членот од комисијата Горан Спасовски, а за реализацијата на проектите во образованието од европските фондови (кои се многу потребни и редовно присутни) преку НВО од државата, за социјалната правда и потребата од многу поголема теренска активност на истите, говореше проф. Ксенија Хаџи Тосева Аврамчева, која е воедно и заменик на генералниот секретар на Европската асоцијација на наставници со седиште во Брисел.
Според проф. Аврамчева во Македонија се влеваат големи средтсва од европските фондови, дел од нив се за образование. Локалните НВО кои се провајдери мораат да работат на терен, а канцелариите да бидат само за координација Наспроти тоа, младите заминуваат, а оддамна нашите невладини си ги јакнат капацитетите. Каде се резултатите?, запраша Аврамчева.
Претседателката на ЦКОН проф. Д-р Весна Јаневска, ја даде завршницата на трибината со силна порака во целото нејзино излагање, дека промените зависат од сите нас. Образованието е столб на државата, и тоа е нешто што никој не може да ни го одземе. Образованието е приоритет на новата влада која ќе ја состави ВМРО-ДПМНЕ.