Се поизвесно е дека Уставот ќе се менува, објави проф. д-р Љубомир Цуцуловски и предвидува што понатаму ќе следува во Македонија.
– Прво, за да се зацврсти двојазичноста во државата, така што службената употреба на албанскиот јазик нема да биде поврзана/условена со одреден процент. Второ, за таа „услуга“ албанските партии ќе овозможат друга промена – влегување на т.н. бугарско малцинство во Уставот. Наредниот чекор би можел да биде во следново. Ако албанскиот јазик може да се вметне во Уставот, независно од бројноста на етничката заедница, зошто тоа не би се применило и со бугарската заедница и јазик? Нелогично, безобразно и неприлично?- прашува Цуцуловски.
Со ваквата постапка Цуцуловски гледа „демонтажа на Македонија како држава“.
– Се согласувам! Меѓутоа, таква е (за жал) логиката на повеќето македонски партии. Наедно, тоа би било прилог повеќе во демонтирањето на македонската држава, пат по кој одамна се оди, нагласува Цуцуловски во објавата на неговиот профил на Фејсбук.