Детската амбасада Меѓаши, микробиологот д-р Никола Пановски и докторот Злате Мехмедовиќ бараат да се преиспита одлуката за почеток на второто полугодие со физичко присуство.
Тие на дебата организирана од детската амбасада дискутирале за одлуката на Владата за претстојниот почеток на второто полугодие.
Микробиологот Пановски смета дека е добро одложувањето на второто полугодие и дека добро е на почетокот и помалите ученици кои се подисциплинирани треба да носат маски, меѓутоа кога ќе затопли, контролирано треба сите да се заразат.