Околу 60 отсто од граѓаните во Македонија го прележаа коронавирусот и стекнаа имунитет, а не од вакцините, смета микробиологот проф. д-р Никола Пановски.
– Бидејќи мерките беа доцна донесени, голем дел од населението беше во контакт со вирусот, некои го поминаа без симтопми други не знаеја дека го имаа, а некои завршија в болница. Според сите проценки околу 60 отсто од граѓаните го имаат прележано вирусот. За жал многу скапо го плативме тој природен имунитет, имајќи ги предвид жртвите и пост ковид синдромите, изјави Пановски за ТВ Алфа.
Тој додаде некои препораки во врска со коронавирусот.
– Треба да се внимава кога ќе влегувате во тоалетите и кај што се собираат во затворен простор таму може да се шири болеста. Меѓутоа сепак впечатокот е дека вирусот нема да се шири толку како претходно. Добар дел од населението, веќе е имуно. Но и топлото време има влијаниие за намалување на бројките, вели Пановски.