Во емисијата „Добриот доктор“ на Сител, универзитетскиот професор доктор Марија Јовановски Срцева се осврна на последиците врз здравјето на т.н. “вејп”, но и електронските цигари кои се популарни кај тинејџерите и адолесцентите.
Јовановски Срцева, специјалист анестезиолог на КАРИЛ, оддел за анестезија и реанимација во васкуларната хирургија која е вонреден професор на Медицинскиот факултет во Скопје и директор на Клиниката ТОАРИЛУЦ ја посочи последната британската студија која е објавена во 2022 година, што покажува дека над 40 отсто од непушачите почнале да користат “вајп” од кога се појавиле на пазарот електронските цигари.
-Електронските цигари и т.н. “вајп” ниту се преодно решение ниту се алтернатива за откажување од цигарите, заклучи д-р Срцева.
Таа во своето гостување посочи за штетноста за никотинските производи, кои предизвикуваат разни видови заболувања кои предизвикуваат карцином на белиот дроб, кардиобаскуларните и други заболувања.
Додека за електронските цигари постојат само 2500 студии кои се објавени и се базираат на поединечни случаи или неколку случаи заедно.
-Студиите се во мал број, но насочени се на тоа што предизвикуваат на белите дробови. Постои дијагноза која се вика “евали” која првпат е поставена во 2022 година и студиите се сконцентрирани на белиот дроб.
Ова не претставува несакан ефект од нивната употреба, туку е акутно белодробно заболување со долгогодишни последици, појасни д-р Срцева во однос на дијагнозата.
Исто така таа потсети дека секоја година Светската здравствена организација дава препораки за штетноста, а оваа година беше фокус на заштита на младите од тутунската индустрија и од модерните хибридни цигари,за таа цел беше изготвена брошура која сметам дека треба да се прошири, односно да се сподели во училиштата.
-Сметам дека на државно ниво, треба да се отвори една широка дебата и анализа за недостатоците и штетноста на овие супстанции и да се преземат мерки во однос на правната регулатива во делот на ограничувањето, заклучи таа.
Целото нејзино гостување, погледнете го во видеото во продолжение.