Џејмс ТАБОР

(библиски научник и професор по антички јудаизам и рано христијанство на Катедрата за религиозни студии на Универзитетот во Северна Каролина во Шарлот, каде што предава од 1989 година)

Во среда Исус ги зaпаочнува подготвоките за последата вечера. Испраќа двајца свои ученици во градот за да ја подготват собата во која тој и неговите 12 следбеници ќе вечераат. Тајно и безбедно.

Подоцнежната христијанска традиција определува дека последната тајна вечера на Исус се случила во четврток, а тој би распнат во петок. Денес знаеме дека вечерата се случила во среда, а Исус бил распнат во четврток. Дополнително, Исус никогаш не ја дочекал пасхалната вечера и пасхалниот оброк.

Конфузијата настанува поради тоа што сите евенгелија тврдат дека имало брзање да се симне телото на Исус од крстот, бидејќи настапувал празникот „сабат“. И сите „сабат“ го поврзуваат со сабота, па оттука, распнувањето мора да се случило во петок.

Сепак, Евреите знаат дека Пасхата сама по себе е „сабат“, сеедно во кој ден се паѓа. A во 30 година од н.е. петок 15-ти ден од еврејскиот месец „нисан“ и исто така е „сабат“ Оттука, два „сабати“ се еден до друг – во петок и во сабота.

Се чини дека Матеј го знаел ова, па вели дека жените дошле на Исусовиот гроб рано наутро во недела после „сабатите“. Оригиналниот грчки збор е во множина. Значи Матеј зборува за „сабат“ во множина. Евангелието по Јован ни дава прецизна слика за хронологијата на настаните. Тој прецизира дека последната вечера била пред Пасха и дека Исус никогош не го изел пасхалниот оброк.

Тој, исто така, забележува дека кога обвинителите на Исус го предале да биде распнат во четврток наутро, тие не влегле во дворот на Пилат бидејќи ќе бидат осквернети и нема да можат да ја јадат Пасха таа вечер (Јован 18:28).

Во средата наутро Исус сè уште имал намера да ја јаде Пасхата во четвртокот навечер. Кога ги испратил своите двајца ученици во градот, им наредил да почнат да се подготвуваат. Неговите непријатели решиле да не се обидуваат да го уапсат за време на празникот за „да не дојде до бунт на народот“ (Марко 14:2). Тоа значело дека тој веројатно бил безбеден во текот на целата следна седмица, бидејќи „празникот“ ги вклучувал седумте дена од „бесквасниот леб“ што следеле по пасхалната трпеза. Пасхата е најсемејниот празник во еврејската традиција. Како глава на неговото домаќинство, Исус би седнал со својата мајка, неговите сестри, жените што дошле со него од Галилеја, можеби некои од неговите блиски поддржувачи во Ерусалим и неговиот собор на дванаесет. Незамисливо е еврејска глава на домаќинство да јаде Пасха одвоено од своето семејство со дванаесет машки ученици. Оттука, тајната вечера не била пасхален оброк кој Исус исто така го планирал. Но, нешто тргнало страшно наопаку, така што сите негови планови за Пасха биле променети.

Исус планирал оброк во средата навечер сам со својот собор од дванаесетте во горната соба на гостинската куќа на планината Сион. Настаните во изминатите неколку дена ги довеле работите до криза и тој знаел дека конфронтацијата со властите е неизбежна. Во наредните денови тој очекувал да биде уапсен, предаден на Римјаните, а можеби и распнат. Тој намерно ги избрал времето и местото — Пасхата во Ерусалим — за да се соочи со моќните власти. Тој цврсто верувал дека ако тој и неговите следбеници се принесат себеси, ставајќи ја својата судбина во Божјите раце, дека Божјото Царство ќе се појави. Тој намерно исполнил две пророштва на Захарија — јавајќи во градот како Цар на ждребето и симболично ги отстранувал „трговците“ од „Божјиот дом“.

Во одреден момент тој ден – среда 13-ти Нисан – Исус дознал дека Јуда Искариот, еден од неговите доверливи апостоли од дванаесетте, склучил договор со неговите непријатели да го уапсат тогаш кога ќе се создаде ситуација тој да биде сам, подалеку од толпата. Како Исус знаел за заговорот не ни е познато, но за време на тајната вечера тој отворено ќе каже: „Еден од вас, кој јаде со мене, ќе ме предаде“ (Марко 14:18).

Неговиот живот, се чини, дека, се одвивал според некој библиски план. Давид напишал во Псалмите: „Дури и мојот пријател во кој се надевав, кој јадеше од мојот леб, ја крена ногата против мене“ (Псалм 41:9). Историјата има чудна карактеристика – да се повторува.

Кога Јуда сфатил дека планот за вечерта вклучувал повлекување за молитва во Гетсиманската градина по оброкот, тој нагло ја напуштил групата. Ова затскриено место, во подножјето на Маслиновата Гора, веднаш преку долината Кидрон од Стариот град, го нудело токму она што тој ветил дека ќе го испорача. Некои се обиделе да ги протолкуваат мотивите на Јуда во позитивно светло. Можеби тој сосема искрено сакал Исус да се прогласи за Цар и да ја преземе власта, мислејќи дека заканата од апсење може да го натера на акција. Но, ние, едноставно не знаеме што можело да има во неговиот ум. Евангелијата се задоволни едноставно со тоа што го нарекуваат „предавникот“ и неговото име ретко се споменува без овој опис.

Кога Исус бил уапсен, неговите ученици „го оставиле и побегнале“, иако група лојални жени од Галилеја, меѓу кои и Марија Магдалена и неговата мајка, очигледно го следеле оддалеку. Најпрвин бил одведен кај Ана, кој го испратил на лажно „судење“ во куќата на Кајафа, кој бил негов зет и со титула „првосвештеник“. Откако е осуден за богохулење, тој е одведен кај Понтиј Пилат, управителот на Јудеја, кој го испратил кај Ирод Антипа, кој бил во градот за празникот Пасха.
Ирод го испратил назад кај Пилат и во раните утрински часови во четвртокот Исус бил камшикуван и осуден да биде распнат за бунт заедно со уште двајца. Исус и другите две жртви биле ставени на нивните крстови во 9 часот наутро во четврток.

Тврдев дека местото на распнувањето не е ниту едно друго, туку западната падина на Маслиновата планина директно пред Источната или „Златната“ порта.

Невозможно е да се каже дали Исус очекувал дека Бог ќе го спаси пред работите да отидат толку далеку. Ако тој се поистоветувал со Давид кој требало да биде „прободен“ во Захарија 12, сосема е можно да мислел дека е предодреден да биде прикован на крстот – но потоа да се спаси од самата смрт пред да биде предоцна. Она што Исус веројатно го очекувал е ненадејна, драматична и огромна манифестација на Божјето Царство – можеби голем земјотрес што ќе го уништи Иродовиот храм, при што Сонцето ќе се затемни, Месечината ќе стане крваво црвена, мртвите ќе воскреснат и ќе се појават легии на небесни војски на небото. Во текот на претходната недела тој им кажал на своите ученици кои се восхитувале од убавината на огромните камења во комплексот на Иродовиот храм дека ќе дојде денот кога нема да остане ниту камен на камен од храмот (Марко 13:2).

На неговото судење едно од обвиненијата е: „Го слушнавме како вели: „Ќе го уништам овој храм и за три дена ќе изградам друг“ (Марко 14:58).

Како и да е, за Исус пристигнал пророчкиот „трет ден“ и доаѓањето на „Синот Човечки на небесните облаци“ било неизбежно.
Евангелијата известуваат дека првосвештениците и толпата што била со нив, ги исмевале жртвите, а презирот бил посебно насочен кон Исус: „Нека слезе Царот на Израел од крстот за да поверуваме!“

На растојание стоела мајката на Исус, Марија, како и Марија Магдалена и другите жени кои го следеа од Галилеја на ова последно патување во Ерусалим. Според Евангелието на Јован, „ученикот што го сакаше Исус“ исто така бил присутен со мајката на Исус. Доцна во денот, кога Исус почнал да мисли дека сепак може да умре, тој официјално ја ставил својата мајка под грижа на овој ученик кого го идентификував како неговиот брат Јаков – кој сега е „најстариот“ во семејството.

Според Марко, Исус бил на крстот од третиот до деветтиот час, што е од 9 до 15 часот (Марко 15:25, 33). Кон крајот тој почнал да чувствува како неговиот живот му се измолкнува и извикал со силен глас на родниот арамејски јазик: Елои, Елои, Лама сабахтани?

Тоа се воведните зборови од Псалм 22 — Боже мој, Боже мој, зошто ме остави? Во тој момент ја наведнал главата и издивнал.

Освен зборовите од Псалмот што ги цитираше, никогаш нема да знаеме кои биле неговите последни мисли. Можеби, како што станувал се послаб, го рецитирал токму тој Псалм. Тоа е молитвата на еден човек што умира, која му се припишува на кралот Давид, кој на крајот се спасува од страшни страдања и смрт. Всушност, ова е Псалмот кој конкретно се однесува на „пробивање на рацете и нозете“ (стих 16). Псалмот завршува со надежната изјава: „Бог не го криеше своето лице од мене, туку слушна кога му викав“.

Можеби до последните минути Исус верувал дека Бог ќе интервенира, ќе му го спаси животот и отворено ќе го покаже своето Царство. Бидејќи еврејскиот пасхален оброк или Седер требало да се јаде веднаш по зајдисонце таа вечер, првосвештениците побарале од Римјаните да им ги скршат нозете на жртвите за да ја забрзаат смртта. Евангелието според Јован забележува: „Тие не сакаа телата да останат на крстот за време на Сабат“ (Јован 19:31). Кога дојдоа кај Исус, видоа дека тој е безживотен. Еден од војницитего прободува со копје само за да биде сигурен. Исус не трепнла. Кралот беше мртов.